Investicii (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Investicii (makedonski)". Rad ima 15 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


Семинарска работа по Економија
Инвестиции
јануари, 2008 година
Кратка содржина
Вовед ............................................................................................................................3
1.Инвестиции ............................................................................................................ 4
2.Факторите кои ги детерминираат инвестициите............................................ 5
3.Штедешењто како значаен факторна на инвестициите.................................6
4.Странски директни инвестиции (СДИ)............................................................. 9
5.Македонија- јавни инвестиции .........................................................................11
6.Заклучок .................................................................................................................14
Користена литература ............................................................................................15
1.Вовед за инвестиции
Кога фирмата врши капитални инвестиции, таа ги вложува своите тековни ресурси (кои во спротивно би можела да ги користи за некоја друга намена, на пример да им исплати на акционерите повисоки дивиденди) за да го зголеми капацитетот на своето производство и оствари профит во иднина. Под инвестиции се подразбира купување или изградба на капитални добра, станови како и други објекти машини и опрема кои се користат во производството, како и за дополнување на залихите. Од макроекономски план има две главни причини поради кои се изучува инвестиционото однесување. Прво инвестициите во споредба со останатите компоненти на агрегатната потрошувачка во текот на еден деловен циклус флуктуираат многу поостро, намалувајќи се во рецесија, и зголемувајќи се во периодите на бум во економијата. И покрај тоа што инвестициите претставуваат само една шестина од БДП, во услови на рецесија, повеќе од половина од вкупниот пад на потрошувачката се должи на намалената инвестициона потрошувачка. Втората причина поради која се изучува однесувањето на инвестициите е дека тие играат улога во утврадувањето на долгорочниот производствен капацитет во економијата. Бидејќи инвестициите креираат нови капитални добра, повисока стапка на инвестиции значи дека обемот на капиталот расте со голема брзина. Капиталот е еден од двата најважни фактори на производство (другиот фактор е трудот). Доколку се остане непроменето, производството во една економија која брзо инвестирала и на тој начин изградила високо ниво на капитал ќе биде поголемо во однос на економија која не се стекнала со голем капитал. Генерално капиталот (на фирмата или на едн аземја) се менува со текот на времето и тоа низ два спротивни канали. Прво купувањето или изградбата на нов капитал или добро го зголемува новото на капитал. Досега вкупните набавки или изградбата на нови капитални добра кои се изврашуваат секоја година се нарекуваат “инвестиции“, но точното име е бруто инвестиции. Второ капиталот се амортизира, односно се троши што го намалува нивото на капитал.
2. Инвестиции
Инвестициите, според својата економска суштина, претставуваат зголемување на постојаните капитални фондови. Капиталните фондови на една економија неутрална, материјална, постојат во три основни облици: градежни објекти (фабрички хали, административни згради и сл.) опрема (машини, инсталирани технолошки линии) и залихи (суровини, производи и готови производи). Капитални фондови, во определен момент, се дадена големина. Кога настапува чинот на инвестирање тие се зголемуваат. Инвестициите се многу значајна економска категорија -инвестициите, зголемувајќи ги постојаните капитални фондови, de facto ги зголемуваат производните можности на вкупната економија. Дел од капиталните фондови, низ употреба, со тек на време, се трошат. Тие функционирајќи во производството, постепено се трошат и пренесуваат дел по дел од својата вредност на вредноста на новиот производ. Ваквото трошење на капиталните фондови се нарекува амортизација или депресијација. Тоа значи додека инвестициите ги зголемуваат постојаните капитални фондови, нивната употреба придонесува за нивно трошење, за нивно намалување. Отука заклучокот е дека, една економија, доколку сака да го задражи постојаниот обем, постојаното ниво на капитални фондови мора, во најмала рака, да инвестира во обем којшто ќе овозможи замена на истрошените капитални фондови. Доколку во економијата се инвестира од износите на амортизираните, депресираните, капитални фондови, настанува процес на дезинвестирање, како исклучливо негативна појава којашто би ги намалила капиталните фондови под постојаното ниво. Обратно, доколку обемот и вредноста на инвестициите во економијата се поголеми од износот на амортизацијата, економијата ќе осигури не само надоместување (замена) на истрошените капитални фондови, туку и нивно зголемување, нивен прираст. Постојат две значајни категории во областа на инвестициите:
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET