Investicioni fondovi vo Republika Makedonija (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Investicioni fondovi vo Republika Makedonija (makedonski)". Rad ima 24 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

Департман-Финансиски менаџмент
SEMINARSKA RABOTA
Тема: Инвестициони фондови во Република Македонија
Содржина
VOVED ................................................................................................... 3
Поимно определување и видови инвестициони фондови ...... 5
Поимно определување на инвестиционите фондови .............. 5
Видови инвестициони фондови ................................................. 7
Отворени инвестициони фондови ............................................... 9
Затворени инвестициони фондови ............................................ 10
Приватни фондови .................................................................... 10
Други видови инвестициски фондови ........................................ 11
Историски развој на инвестиционите фондови кај нас и во светот ............................................................................................. 13
Предности и недостатоци на инвестиционите фондови .......... 15
Предности на инвестициските фондови .............................. 15
Негативности на инвестициските фондови ....................... 16
Посебен осврт на инвестициските фондови во Македонија ... 18
ZAKLU^OK ....................................................................................... 23
KORISTENA LITERATURA
VOVED
Инвестициски фондови се специјализирани установи кои вршат колективно прибирање на средства со цел нив да ги инвестираат во хартии од вредност, или други финансиски инструменти. Значењето на инвестициските фондови е дека се тие многу успешни во прибирањето на релативно ситниот капитал од страна на правни и физички лица, и тој капитал потоа го инвестираат во внимателно одбрано портфолио на инвестиции, во основа хартии од вредност. За разлика од малите приватни инвеститори, фондовите се сметаат за информирани инвеститори, затоа што знаат повеќе за функционирањето на финансиските и пазарите на капитал и затоа што се управувани од професионални менаџери. Иако на почетокот се појавиле првенствено во САД, во последните 30-тина години се развиваат со засилено темпо во многу развиени земји во светот.
Недостигот на фондовите на еден пазар претставува слаба страна на тој пазар, од повеќе аспекти. Најголемиот од нив е дека не постои механизам преку кој ќе се анимираат слободните приватни средства од малите инвеститори и тие ќе се инвестираат во определено портфолио на инвестиции. Кога нив ги нема, приватните инвеститори одат сами на пазарот на капитал и купуваат акции, без притоа да имаат направено добра анализа. Во таквото свое инвестирање можно е да направат грешка и да вложат средства во безвредно друштво. Да се следи пазарот компетентно чини пари, тоа не е бесплатно. За тоа треба да се создаде знаење и посветеност. Но таквото следење го намалува ризикот на ивестирањето. Не може секој поединец да инвестира толку многу во сопственото знаење за да може да биде разумно ослободен од ризикот на својата инвестиција. Инвестициските фондови, пак, имаат професионални управувачи, кои компетентно управуваат со портфолиото на инвестициите, односно со тоа во кои акции или во кој имот вложуваат. Тоа не значи дека и тие не можат да згрешат.
Се разбира дека можат и историјата на финансиската индустрија е полна со такви примери, но сепак имаат воспоствено повеќе механизми за да управуваат поуспешно со ризикот од оние со кои располагаат просешните поединечни инвеститори.Значи бенефитите се големи, и тоа главно за малите инвеститори. Тоа им дава право на овие инвестициски фондови да тврдат дека формираат фонд за да ги заштитат нивните права. Сепак, станува збор за приватен сектор, и колку приватниот сектор да е, или да сака да се прикаже како општествено одговорен, на крајот на денот тој мора да оствари профит од своето работење за да преживее на подолг рок. Затоа, веројатно тие согледале дека се создава доволна критична маса на тргување, на понуда и на побарувачка, а почнува да се создава и критична маса на знаење, што би го олеснило профитабилното работење на инвестициските фондови формирани во Македонија, односно дека е дојдено времето за тоа. Притоа, имаше некои најави дека и државата ќе се вклучи со определен износ во почетниот капитал на неколку фондови, што не е лошо, затоа што државата на тој начин го поевтинува влезот на новите фондови на пазарот и презема дел од ризикот.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET