Javni rashodi (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Javni rashodi (makedonski)". Rad ima 13 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


МЕЃУНАРОДЕН ФАКУЛТЕТ ЗА ЕКОНОМСКИ НАУКИ
СТРУГА
Предмет: „Јавни Финансии “
Тема: „Јавни Расходи“
МЕНТОР: СТУДЕНТ:
Проф. д-р Димче Крстиновски Константин Дејкоски
СТРУГА, 2010
1. ПОИМ И КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЈАВНИТЕ РАСХОДИ
Под јавни расходи во современата теорија и практика се подразбираат издатоците на државата и другите јавно-правни тела кои се прават за финансирање на понудата на јавни добра, како и за остварување на други цели на економската и на социјалната политика.
Јавните расходи претставуваат трошење на финансисиките средства остварени преку реализацијата на јавните приходи за одредени намени од јавен интерес.
Јавните расходи се тесно поврзани со јавните приходи т.е. јавните приходи се наплатуваат затоа што во општеството постои потреба да се вршат јавни расходи.
Според карактерот на јавните добра, финансирањето на нивното производство може да биде целосно на сметка на јавните расходи или пак само делумно. Во случајот со чистите јавни добра (на пример, одбраната), финансирањето на нивната понуда се врши потполно преку јавните (буџетски) расходи, додека финасирањето на нечистите или на мешовитите јавни добра се врши комбинирано, при што учеството на државата (преку јавните расходи) може да се движи во дијапазон од 0 до 100%.
Класичната доктрина на јавните расходи гледа како на непродуктивно трошење на дел од националниот доход од страна на државата за извршување на нејзините основни функции (одбрана, безбедност, судство). Во тој контекст настана концепцијата за “минимитет на јавните расходи”. Државната интервенција ја оценуваше како нарушување на “природниот поредок”.
Современата фискална теорија на проблематиката на јавните расходи ги гледа како на многу сложена материја која меѓу другото е значајна за формирањето и регулирањето на основните макроекономски агрегати. Гледиштата за непродуктивноста и за “минимитетот на јавните расходи” се напуштија, бидејќи извршувањето на расходите се третира како рационално трошење на националниот доход.
Модерниот пристап на јавните финансии почнува со гледањето на јавните расходи како на продуктивно трошење за финансирање на продуктивни цели.
2. КЛАСИФИКАЦИЈА НА ЈАВНИТЕ РАСХОДИ
Постојат многубројни класификации на јавните расходи што зависи од основот од кој се тргнува или од критериумите според кои расходите се разграничуваат, односно групираат.
Една од најстарите и најпопуланите класификации е поделбата на редовни и на вонредни расходи. Кај оваа поделба како критериум се зема времето кога расходите се јавуваат.
Редовни расходи се сметаат оние кои редовно, односно постојано се јавуваат во одредени временски интервали обично еднаш годишно. Овие расходи ги имаат следниве карактеристики:
а) можат однапред да се предвидат;
б) се јавуваат во релативно стабилни износи;
в) редовно, односно секоја година се јавуваат во буџетот на државата и во другите јавно-правни тела.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET