Analiza na smetkovodstveni izvestai (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Analiza na smetkovodstveni izvestai (makedonski)". Rad ima 17 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

МЕЖДУНАРОДНЫЙ СЛАВЯНСКИЙ ИНСТИТУТ
Гр. МОСКВА
Факултет за Економика и организација на претприемништво – насока менаџмент
Семинарска работа по предметот: Сметководствена пресметка, анализа и ревизија
На тема: Анализа на сметководствени извештаи
Професор:
Проф. Сашка Поп Димитриоска
Студент:
Ѓореска Сања 7222/110 Темелкоска Елена 7222/135
Битола , 2009/10
ВОВЕД
Масовниот износ на броевите во финансиските извештаи на компанијата можат да бидат збунувачки и заплашувачки за многу инвеститори. Од друга страна, ако знаеме како да ги анализираме, финансиските извештаи се златен рудник на информации.
Финансиските извештаи се медиум преку кој компанијата открива информации во врска со своите финансиски резултати. Следбениците на фундаменталнта анализа со употреба на квантитативни информации собрани од финансиските извештаи ги вршат инвестициските одлуки. Постојат три најважни финансиски извештаи – извештај на приход, биланс на состојба и извештаи за готовинските текови. Сите заедно го прават финансискиот извештај – но секој има своја специфична функција.
Средства претставуваат ресурси што бизнисот ги поседува или контролира во даден момент. Ова вклучува елементи како готовина, инвентар, машини или недвижнини. На другата страна од равенката претставува вкупната вредност на финансирањ. Додека финансирањето доаѓа како резултат на обврските или капитал.
Сите овие собрани информации претставуваат клучен елемент за одредување на ликвидноста, иднината, можностите, перформансите на бизнисот. Затоа ќе ги анализираме од страна на тоа што тие значат на глобален план.
СИСТЕМОТ
Финансиските извештаи даваат слика на трансакциите кои се движат низ бизнисот. Секоја трансакција за размена или на пр. продажба на производ или употреба на изнајмена зграда – придонесува да се добие целата слика. Ако ги погледнеме финансиските извештаи базирани на протокот на кеш-трансакции преку дијаграм, можеме да заклучиме четири главни чекори.
Акционерите и кредиторите го снабдуваат капиталот (готовината) на компанијата. Снабдувачите на капитал имаат побарувања од компанијата. Билансот на состојба е ажурирана евиденција на вложениот капитал во бизнисот. На десната страна на билансната состојба кредиторите ги имаат обврските додека акционерите – хартиите од вредност. Акциите од вредност се сопственост на акционерите и ресидуални, што значи дека им припаѓаат на акционерите по дедукцијата на долговите.
Капиталот се користи за да купат средства или да се инвестираат во актива. Средствата се моментални како инвентарот, или долгорочни, како на пр. фабрика. 
Средствата се распоредени за да се креира готовински тек во тековната година (готовински приливи се прикажани со зелена, одливите со црвена боја). Продажбата на акции и издавање на долгови го започнува процесот на готовински прилив. Фирмата тогаш ја става готовината на располагање. Купениот или инвестиран инвентар се става во користење за генерирање приходи, додека повеќето од приходите се користат за исплата на оперативните трошоци, кои вклучуваат плати.
По плаќањето на трошоците (и даноци), компанијата може да направи три работи со готовинскиот профит. Еден, може (т.е. треба) да плаќа камата на своите долгови. Два, да може да исплати дивиденда на акционерите за својата дискреција. И три, може да го задржи или ре-инвестира профитот (односно останатиот профит). Задржаната добивка го зголемува акционерскиот капитал. Во теорија, овие реинвестирани средства се во корист на акционерите и се одразува со повисока цена на акциите.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET