Bilans na plakanje i devizen kurs (makedonski9 | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Bilans na plakanje i devizen kurs (makedonski9". Rad ima 16 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


„Универзитет Св. Климент Охридски“
Економски факултет-Прилеп
СЕМИНАРСКА РАБОТА
по предметот
Меѓународни финансии
Наслов на семинарскиот труд:
Биланс на плаќање и девизен курс
Ментор: Изработила:
Проф. д-р Драгица Оџаклиеска Димитровска Анче 371/06 МЕБ
Прилеп, Февруари, 2011
Содржина
Користена литература..............................................................................................16
Вовед
Во сите национални економии среќаваме национална валута која претставува национална парична единица, национален симбол на таа национална економија. Националната парична единица во една национална економија ги врши своите функции. Во една национална економија, не можат да функционираат пари на друга држава.
Околу функционирањето на парите како светски пари, треба да се разгледаат и разберат неколку клучни поими кои се поврзани со нивната функција:
Валута – поим кој има неколку значења: парична единица на националната економија на една држава. Таа е ефективна странска пара.
Девизи – станува збор за краткорочни побарувања што гласат на странска валута.
Валутен и девизен курс – валутниот курс се дефинира како цена на една држава, краткорочно побарување во странска валута искажано во домашна валута, или девизниот курс ни ја покажува цената по која една валута се разменува за друга валута.
Конвертибилност – претставува поим што се дефинира како способност на една национална валута да биде заменета со злато или за некои други валути.
Секоја земја има валута во која се изразени цените на стоките и услугите – доларот во САД, еврото во Германија, фунтата стерлинг во Велика Британија, јенот во Јапонија и токму преку девизните курсеви можеме да ги споредуваме цените на стоките и услугите произведени во различни земји.
Поим и видови на девизи
Парите на една национална економија се јавуваат во странство како во вид на ефективна странска пара или валута и во вид на краткорочни побарувања во странски пари или девизи.
Девизата означува странска меница, меница што гласи на странска валута и која треба да се плати во странство.
Странскиот девизен резидент како корисник на побарувањата во странство добива девизи кои претставуваат побарувања во странска валута. Девизите како побарувања во странска валута претставуваат специфична стока што се купува и продава на девизниот пазар. За домашниот резидент или имателот на девизи тие не претставуваат пари затоа што тој ќе добие домашни пари откако ќе ги продаде девизите на девизниот пазар или ќе ги презентира кај некоја банка за наплата.
До Првата светска војна поимот девиза бил врзан за мениците што гласеле на странска валута и се плаќале во странство и за нив во земјата била оставена противвредност во домашни пари. Целта била да го олеснат платниот промет помеѓу оддалечените места со различни валути и да обезбедат сигурност во платниот промет помеѓу тие места. Подоцна поимот девизи се поместува кон побарување на странски средства за плаќање на сметките во странски банки.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET