Devizniot pazar vo Republika Makedonija kako izvor na finansiranje na tekovnite sredstva (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Devizniot pazar vo Republika Makedonija kako izvor na finansiranje na tekovnite sredstva (makedonski)". Rad ima 19 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ
Управување со обртни средства и нивните извори
тема: Девизниот пазар во Република Македонија како извор на финансирање на тековните средства
Cvete Siljanoska
Девизниот пазар во Република Македонија како извор на финансирање на тековните средства
Содржина:
Вовед_______________________________________________________________________3стр
1.Девизен пазар_______________________________________________________________4 стр
2.Девизен курс и Формирање на девизниот курс___________________________________6 стр.
3.1 Видови девизни курсеви__________________________________________________10 стр
3.2 Предности и слабости на фиксните и флуктуирачките девизни курсеви__________16 стр
3.3 Предности кај националната валута во режимот на фиксните и флуктуирачките девизни курсеви_____________________________________________________________________17 стр
4. Девизен пазар во Република Македонија и курсот на денарот во Република Македонија__________________________________________________________________20 стр
4.1.Политика на девизниот курс и на девизните резерви______________________21стр.
4.2. Менувачки пазар и девизи на граѓаните________________________________21 стр.
4.3. Девизните резерви и платниот промет со странство______________________22 стр.
Заклучок____________________________________________________________________23 стр.
Summary____________________________________________________________________24 стр.
Користена литература_________________________________________________________25стр.
Вовед
Цел и предмет на истражување на овој труд е Девизниот пазар во Република Македонија како извор на финансирање на тековните средства. Девизниот систем на секоја држава, па и на Р.М. е непосредно поврзан со надворешно трговскиот систем. Тие заедно прават една целина. Имено, во врска со увозот и извозот на стока настанува платен промет, односно плаќања и наплатувања. Токму тие правила за вршење на платниот промет со странство се и најбитниот елемент на девизниот систем. Имајќи го предвид ова, девизниот систем може да се дефинира како збир на правни прописи и мерки со кои државата го регулира платниот промет со странство, стекнувањето и располагањето со странски средства за плаќање и начинот на купување и продажба на странски платежни средства. Покрај тоа, како посебен комплекс на регулатива, девизниот систем ги опфаќа прописите и мерките во врска со одржувањето на девизниот курс, одржувањето на рамнотежата на платниот биланс, девизниот пазар, девизните резерви и прометот со благородни метали.
Исто така многу често се мешаат поимите на изразите валута и девиза. Под валута се подразбира секое странско платежно средство. Девизата е основната категорија поврзана со функционирањето на девизниот систем. Во потесна смисла девизи се само кракторочните побарувања од други земји кои ги опфаќаат побарувањата по основ на чекови, меници и други харитии од вредност кои гласат на странски валути. Во поширокото значење, кое практично е и прифатено во нашата девизна регулатива, но и во секојдневниот живот, под девизи, покрај кратокорочните побарувања од странство, се опфаќаат и ефективните странски пари, освен кованите пари.
Методолошки приоди при изработка на овој труд е методот на синтеза и методот на анализа.
1.Девизен пазар
Девизниот пазар го опфаќа купувањето и продавањето на девизи за домашната валута или за други девизи помеѓу банките, потоа помеѓу банките и други лица на една земја, како и помеѓу банките на разни земји. Понудата и побарувачката на девизи по правило не е концентрирано на едно место туку по писмен пат или со телекомуникациски средства помеѓу банките, девизните побарувачи и девизните трговци.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET