Ekonoski odnosi na republika Makedonija (Makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Ekonoski odnosi na republika Makedonija (Makedonski)". Rad ima 13 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

Вовед
Македонија излегла од СФРЈ како нејзина најсиромашна република.Економијата уште повеќе тонела во деведесетите поради бројни фактори: распадот на заедничкиот пазар,војните во поранешна Југославија,грчката блокада,санкциите спрема СР Југославија и многу други.Кон крајот на деведесетите економијата пополека почнува да забележува раст,но тоа повторно се прекинува со војната во Косово од 1999 и домашниот етнички конфликт од 2001.Денеска економијата повторно пополека бележи закрепнување.Но македонија сеуште го нема достигнато ни нивото од осамостојувањето 1991 (највисокото ниво воопшто го има достигнато во 1987).
Економијата е пост-транзициска,со голем број сеуште нерешени транзициски проблеми.Невработеноста е најголем проблем,околу 35%.Корупцијата е системска појава.Неефикасното судство исто така негативно се одразува врз економијата.Нивото на домашни и странски инвестиции е ниско.Пазарното стопанство го нарушуваат неколку монополи.Сивата економија е широко распространета и има проценки дека претставува и до 20% од економската активност.Од друга страна макроекономските показатели веќе долго време се добри.Исто така Македонија е релативно малку задолжена земја.Државата располага средно кфалификувана но ефтина работна сила.Инфраструктурата е во релативно добра состојба,но сепак требаат инвестиции во оваа област (пред се во транспортно-комуникациско поврзување исток-запад).Република Македонија е член на Светската трговска организација и има отворена економија, високоинтегрирана во меѓународната трговска размена (вкупната размена со странство изнесува некаде околу 79,5%).
Денеска конечно економските перспективи на државата изгледаат поповолно. Некои од проблемите се надминати,а некои се во фаза на надминување.Ова особено поради реформите кои се прават со цел за приближување кон ЕУ.Исто така позитивно влијание се очекува и од самиот кандидатски статус за членство во ЕУ. Во секој случај Република Македонија мора да остварува континуиран и брз пораст на економијата ако сака во догледно време да се приближи до европскиот просек.
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И МЕЃУНАРОДНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ
Паралелно со процесот на стекнување независност на Република Македонија во 1991 година,започна и процесот на етаблирање и позиционирање на Република Македонија на меѓународен план,преку воспоставување комуникација,развивање соработка и стекнување членство во меѓународните организации.Република Македонија стана членка на Обединетите нации на 7 април 1993 година,а последователно и на сите специјализирани агенции,програми и фондови од системот на ОН.Две години подоцна,во 1995 година,Република Македонија стана членка на Организација за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и на советот на Европа,како и на други релевантни регионални организации ииницијативи. Последните години,Република Македонија стана членка на Светската трговска организација (2003),на ЦЕФТА (2006) и полноправна членка на Франкофонијата (2006).
За целиот овој период,Република Македонија настојува да се промовира како одговорен субјект на меѓународните односи,прифаќајки ги основните принципи и цели содржани во Повелбата на ОН како базични постулати врз кои се темели нејзината надворешна политика.На регионален план,настојува да ги унапреди добрососедските односи,соработката и одржливиот развој на регионот на кој му припаѓа.
Свесна дека нејзиното забрзано и целосно евро-атлантско интегрирање кореспондира со засилено учество во активностите,инструментите и режимите на меѓународните организации во кои членува,промовирајќи ги притоа евро-атлантските вредности во овој контекст,Република Македонија постојано настојува да го унапреди својот профил на мултилатерален план.Настојува да даде активен придонес во исполнувањето на Милениумските развојни цели на ОН,во борбата против меѓународниот тероризам и справувањето со другите видоизменети закани и предизвици по меѓународниот мир и безбедност на почетокот на 21-от век.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET