Verskite obicai vo Republika Makedonija (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Verskite obicai vo Republika Makedonija (makedonski)". Rad ima 16 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


Ментор: Изработиле:
Битола
18.05.2006
Верските обичаи во Република Македонија
Македонска свадба
Од Македонската Православна црква објаснуваат дека младоженците доаѓаат во црквата да закажат венчавка откако ќе ја изразат јавно својата љубов пред родителите. Она што е важно за чинот на венчавањето е фактот дека сите што учествуваат во светата тајна(младоженците, кумот, кумата, деверот) мораат да бидат крстени. Кумот и деверот имаат високо место во духовното сродство со младоженците. Според каноните на Македонската Православна црква не може да се венчава на велигденски пости и во денови на строг пост. Церемонијата на венчавање се состои од два обреда: прстенување и крунисување. Прстенувањето се врши пред олтарот каде свештеникот ги прашува младоженците дали доброволно го избираат својот животен сопатник. Потоа се доаѓа на средината на црквата каде се извршува крунисувањето. Со тоа се овековечува љубовта меѓу младоженците и се исполнува божјата заповед:”Плодете се, и множете се и владејте со земјата”. На чинот на венчавањето, кумот и деверот носат платно со кое ги врзуваат младоженците. Симболиката на ова врзување е да се зајакне нивниот брак. По завршувањето на сите церемонии во црквата, семејната веселба продолжува во избраниот угостителски објект, каде што младоженците примаат честитање од роднините и пријателите.
Албанска свадба
Една вечер пред свадбата најблиските роднини од страната на зетот одат кај невестата да и купат кана. Каната се прави во црвена тафта наредена со црвени свеќи. Тафтата со кана ја држи девојка која не е омажена, ниту пак верена. Откако ќе ја капнат каната на рацете на невестата, жените се собираат во круг и играат со тафтата со кана. Жените се облечени во чинтиони или црвени фустани. Следното утро пред да оди зетот кај невестата некој од неговите најблиски го забричува. Додека трае церемонијата на бричењето луѓето пеат песни. Едно машко држи огледало пред зетот за да се гледа, а присутните му фрлаат пари. На тој што го бричи зетот му даваат крпа. Откако ќе бите избричен, зетот заигрува напред на орото. Потоа сватовите со песна одат кај невестата за да ја земат. Невестата ја водат пред вратата нејзиниот брат, татко или дедо, а потоа им ја предаваат на зетот. Пред вратата најблиските роднини и пријатели се поздравуваат со невестата, а таа им бакнува рака. Од зетот невестата ја презема свекорот и и фрла на главата црвен дувак за да не гледа каде ја водат и да не може сама да се врати дома. Кога невестата заминува некој од домашните фрла леблебија, пари и бонбони за да биде плодна, а по колите на сватовите се прска со вода за да им тече животот на младите како водата. Пред домот на зетот ги пречекува свекрвата. Пред да влезе невестата дома треба да турне ѓум со вода, а потоа ја мачкаат три пати со шербет и и ја допираат раката на вратата три пати. Потоа сите лижнуваат од раката на невестата. Потоа и ставаат под мишката и на главата специјално направени лебови, а во рацете држат свеќи. На главата и ставаат и узда од коњ за да го слуша мажот. Откако ќе влезе дома ја носат кај оџакот за да биде работна. Мажот треба ненадејно да ја згазне невестата на ногата за тој да командува во куќата. И на крајот ја носат во кафеана. Пред вратата стојат луѓе што даваат бонбони или локум за да им биде благ животот.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET