Kobalt (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Kobalt (makedonski)". Rad ima 12 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


КОБАЛТ
Во 1735 година шведскиот хемичар Георг Брандт го открил тогаш непознатиот елемент и го нарекол кобалт. Симболот Co, е изведен од двете почетни букви на латинското име за кобалт –Cobaltium. Кобалтот е откриен во Шведска. За рудата кобалт долго се мислело дека е руда на бакар, но од неа никако не можел да се издвои бакарот, па го нарекле коболд што значи зол дух на рудникот.Кобалтот е хемиски елемент кој во Периодниот систем во составот на елементите го носи симболот Co, атомскиот(редниот) број му е 27, а атомската маса изнесува 58,933195(5). Кобалтот се наоѓа во многу руди. Се користи за легури кои треба да бидат магнетни,отпорни на абење, на трошење и многу цврсти. Важна состојка е во индустријата на боја, глазурите и лаковите.
КАРАКТЕРИСТИКИ
Кобалтот е цврст, феромагнетен хемиски елемент, со сребрено-бела боја. Често е поврзан со никелот. Кобалтот е метал на VIIIB група, има 17 изотопи чија атомска маса се наоѓа помеѓу 35-64. Постојан е само со атомската маса 59, која прави речиси 100% од неговите изотопи во природата.Чистиот кобалт е сребренаст, блескав, сјаен многу тврд метал кој поседува феромагнетни својства. Се употребува како додаток на магнетните руди. Застапен е во Земјината кора со количина од 20 ppm во облик на 2 минерали:смалтит и кобалтит кои обично одат во состав на рудите бакар и никел. Несиметричните соли на кобалтот K3CoO4 имаат феромагнетни особини и се користат во електрониката. Комплексните соеднинувања се користат како катализатори на многу органски реакции.Растворите на солите на кобалтот (I) (II) имаат крваво-црвени и сина боја и се користат во производство на боја.
БИОЛОШКО ЗНАЧЕЊЕ
Цицачите имаат потреба од мала количина на кобалтова сол. Cо-60, е произведен радиоактивен изотоп на кобалтот е важен радиоактивен трасер и се употребува за лечење од рак. Кобалтот е активатор на бројни ензими и живи организми.Витаминот B 12 влијае на количината на хемоглобинот и бројот на црвените крвни зрнца во организмот кои во својата структура содржат кобалт кој е врзан со органскиот дел на молекулите и еден CN-јон. Сепак дневните потреби за кобалт се минимални околу 0,05 ppm.
МИНЕРАЛИ
Минералните материјали чинат посебна група на фактори.Организмот не ги создава само ги прима со храна.Минералните материи ја одржуваат хемиската рамнотежа на организмот-учествуваат во неговата изградба и посредуваат во многу животни функции. Кобалтот е елемент кој се наоѓа во организмот во храната иако организмот има сосема мала потреба за него. Неговите физиолошки функции се уште не се разјаснети. Се смета дека на возрасен човек му е потребно 0.01 mg кобалт. Тој се наоѓа речиси во сите траги од растенијата,во црниот дроб,панкреасот и половите жлезди.
КОБАЛТОТ, НЕГОВОТО ДОБИВАЊЕ И УПОТРЕБА
Кобалтот се појавува заедно со рудите на другите метали,особено бакарот и никелот и се добива како нус-производ со создавањето на овие метали. Добивањето на кобалтот е прилично сложен процес и побарува различни технолошки операции, а видот и бројката зависат од изворот.Во првата фаза на преработка на видот кобалт се врши концентрирање на минералите со флотација или гравитациски,а потоа кобалтот се одвојува како пиро-,хидро-или електрометалуршка постапка.Пирометалуршката постапка се користи за преработка на: оксидни и сулфидни бакарни руди богати со кобалт а сиромашни со никел и без арсен и оксидни руди на никел богати со кобалт,а сиромашни со бакар и без арсен,арсенидни руди на кобалт и нуспрооизводи при добивање на други метали. Хидрометалуршката постапка се применува за добивање на кобалтови оксихидрати од белата легура со преработка на огнената маса и преработка на концентрат. Електрометалуршката постапка се спроведува со со електролиза на хлоридните или сулфатните истопувања на кобалтот исчистени од примесите. За пример можеме да го спомнеме добивањето на кобалтот од бакарот кој покрај кобалтот содржи бакарни и железни сулфиди и арсениди. Преработката почнува на начин која што е опишана при добивање на бакар. Меѓутоа процесот не оди до добивање на суров елементарен бакар,туку оксидните концентрати создадени со топење на сулфидниот концентрат кој содржи оксиди на бакар и кобалт,се обработува со сулфурна киселина со присуство на сулфат на железото. При тоа се добива сулфатна смеса која се одведува во комората за електролиза каде се излачува бакар,а кобалтот останува во топената смеса. Искористената стопена смеса повторно оди во постапка за обработка на концентратот. Со повеќекратно повторување на процесот на стопена смеса таа станува се побогата со кобалт се додека неутралната смеса која содржи суспензија на кобалтов(II)-хидроксид од која се излачува кобалт. Добиените смеси содржат 91-95%кобалт кој се рафинира во печките.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET