Ernesto Che Gevara (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Ernesto Che Gevara (makedonski)". Rad ima 12 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.


PROEKTNA ZADAЧA PO ISTORIJA
Tema: Ернесто Че Гевара
Содржина
1. Содржина..........................................................................................................2
2. Вовед................................................................................................................ 3
3. Рани години и осврт на животот.....................................................................4
4. Заклучок .........................................................................................................11
5. Користена литература..................................................................................12
Вовед
Бележејќи ги редовите на овој труд,пригоден и патетичен,проникнат со почит и пиетет кон големиот човек,чиј живот и дело станаа синоним за голем и предан револуционер.Историјата е полна со личности кои оставиле длабок траг,но само малкумина успеале да го доловат нашето внимание со својата чистина,со својот приватен живот кој навистина е беспрекорен.Во моментите на пресметување со минатото и на барање нови патишта во иднината се наоѓаат личности што се не само спосособни да дадат една логичка анализа на ситуацијата.туку тие ја доживуваат неа со возбудата на горешт темперамент и на длабоко раздвижена совест.Ако побараме такви личности во историјата ,тогаш без двоумење како една од најизразитите меѓу нив ќе ја изделиме личноста на Ернесто Че Гевара .Кога се одлучив да пишувам за Ернесто Че Гевара јас парарелно со пишувањето за неговото револуционерно минато,пишував и за неговиот приватен живот.Тоа го направив со цел да покажам како човек кој уште за време на животот станува легенда,останува толку искрен,енергичен ,храбар,особини кои импонираат и кои ,со исклучок на храброста,малку се сретнуваат во групата на која припаѓа Че,комунистичката.Но Че го надрасна комунизмот и го стави во сенката на неговото име.Неговото име и неговиот поетичен надимак станаа шифра и лозинка на младите идеалисти ширум светот.Че се борел за правдата и за неговите визии,а таа е борба за која нема чекање на вистинско време,секое време е вистинско.Тоа е она изрека која вели:кога ако не сега?!
Рани години и осврт на животот
Ernesto Guevara de la Serna или попознат како Che Guevara или само како el Che, бил роден на 14 јуни 1928 во Росарио,Аргентина е марксистички револуционер, политичар и еден од водачите на кубанската револуција. Живеел во добро ситуирано семејство, кое и покрај завидната состојба преферирало социјалистички идеи.Тој уште на двегодишна возраст добил прв напад од хронична астма која ќе го следи целиот живот.Поради неговата тешка здравствена состојба семејството било принудено да се пресели во подрачјето на Кордоба каде климата е одговара за болните од ваков вид.Поради болеста тој ги прескокнал првите две одделенија,но тоа не го спречило да постигне одлични резултати во неговото школување.На 20 години почнува да студира медицина, на универзитетот во Буенос Аирес. Како млад човек кој учел медицина, Гевара заедно со неговиот пријател Алберто Гранадо тргнуваат на пат околу Јужна Америка со мотор (така наречен Ла Педроса). На тоа патување тој ја откри сиромаштијата. Низ овие доживувања тој заклучи дека револуцијата е единствен излез за социјалната нееднаквост на овие региони, што го приближи до учењата на Маркс и пришто се приклучи во социјалната револуција во Гуатемала под водство на претседателот Jacobo Arbenz Guzman. Тоа е всушност пресвртниот момент во сфаќањата на Че.Тој отпрво нема Нешто покасно станува член на движењето на Фидел Кастро т.н Движењето на 26 Јули, кое ја превзема власта во Куба 1959 година. Откако служеше низ различни важни позиции во новата влада и пишејки повеќе книги за теоријата и праксата на герилската војна, Гевара замина од Куба во 1965 година со замисла да направи сеопшта светска револуција, почнувајки од Конго-Киншаса(подоцна Демократска Република Конго) и потоа во Боливија, каде што беше фатен од ЦИА. Гевара загина во рацете на Боливиската армија во Ла Хигуера близу Валегранде на 9 Октомври 1967 година. Сведоците на последните мигови на смртта на Гевара, кажаа дека веднаш го убиле за да избегнат судење, а со тоа и да ја избегне смртта.По неговата смрт, Гевара стана икона на социјалистичката револуција низ целиот свет, за правдата на обесправените, потчинетите, жртвите на олиграсите, на неправеднат власт, на младата генерација која треба да го издегне гласот над општествените стереотипи.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET