Delovna korespodencija (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Delovna korespodencija (makedonski)". Rad ima 8 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

БИЗНИС АКАДЕМИЈА СМИЛЕВСКИ
Висока стручна школа
Додипломски студии по оперативен менаџмент
Проектен извештај по предметот
Канцелариски менаџмент
Деловна кореспонденција
Изработил: Марија Барлакоска
Досие бр.
Битола, 2011
Кратка содржина:
Вовед..................................................................................3
Идентифкување на проблемот........................................................................ 4
Согледување на проблемот……………………......……6
Можни решенија ............................................................8
Заклучок.......................................................................7
Користена литература................................................8
Вовед
Процесот на размена на пораки преку пишани модели на комуникација ја дефинира деловната кореспонденција. Пишаните модели на комуникација имаат деловна, службена и приватна примена. Писмата се значаен вид на комуницирање меѓу луѓето, па заради тоа тие треба да бидат јасни, кратки и човечни, односно љубезни. Во деловната коресподенција спаѓаат преписките помеѓу соработниците (партнерите) – писма, сметки, договори и останати деловни документи, кои една фирма ги испраќа на друга заради остварување на деловните активности. Постојат три групи на документи:
Деловни писма
Интерно установени обрасци
Пропишани обрасци.
Деловното писмо се составува и се испраќа посебно со секоја нова работа и со секој нов деловен партнер. Содржината е секогаш нова и различна за секој нов случај, прилагодена на предметот на работење.
Деловниот образец е востановен во организацијата за одреден вид на работа со иста содржина која се поновува на неделна или дневна основа. Секоја фирма во согласност со својата работа креира обрасци во кои само се внесуваат податоци. Во деловните обрасци спаѓаат: договори, сметки, фактури, заклучоци, доставници, налози и др.
Пропишаните обрасци се наменети за документи кои се однесуваат на органите од јавната управа и установите и претријатијата од општ интерес. Нивниот облик е пропишан со подзаконски акти или прописи на органите на управата, установите ... Како пример може да се земе факултетската диплома, училишното свидетелство, лекарското уверение, општите уплатници, здравствената книшка...
Деловно писмо
Деловното писмо е документ со кој една фирма и се обраќа на друга фирма заради остварување на своите деловни интереси. Секое деловно писмо има главни и споредни делови.
Главни делови се: наслов, место и датум, адреса на примачот, содржина и потпис.
Споредните делови го олеснуваат и убрзуваат разделувањето на деловните писма, но тие не се задолжителни. Такви се: позивни ознаки, кратката содржина на предметот, ословувањето, ознака на прилозите, распоред на копии, додаток на писмото.
Главни делови на деловно писмо
Насловот содржи податоци за испраќачот, а меѓу тие податоци никако не смее да се изостави адресата на испраќачот, односно: назив на фирмата, нејзината дејност, место, улица и број, поштенски факс. Помалку важни, а секако корисни се следниве податоци кои би можеле да се постават во насловот: лого на испраќачот, година на основање, телефонски броеви и факс, број на тековната сметка. Кои од овие податоци ќе се најдат во насловот зависи од проценката на самата компанија. Доколку се стават премногу податоци можно е да постои опасност примачот воопшто да не ги забележи оние битните.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET