Organizacija na detska gradinka (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Organizacija na detska gradinka (makedonski)". Rad ima 14 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

 ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ШТИП
СЕМИНАРСКА ПО ПРЕДМЕТОТ
ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПРЕДУЧИЛИШНА УСТАНОВА
ТЕМА: ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДЕТСКА
ГРАДИНКА
Изработилe: Ментор:
Благица Божинова Доц. Д-р: - Борче Костов
Даниела Тодорова
СОДРЖИНА
УЛОГАТА НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА И БАРАЊАТА ЗА НЕЈЗИНО УСПЕШНО ОСТВАРУВАЊЕ
НОРМАТИВИ ЗА ПРОСТОР И ОПРЕМА НА ПРЕДУЧИЛИШНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ВОСПИТНО -ОБРАЗОВНА РАБОТА (изградба на организации за згрижување, воспитание и образование, организација на просторот, простории за деца)
УРЕДУВАЊЕ И ОПРЕМУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ СО ОГЛЕД НА АКТИВНОСТИТЕ НА ДЕЦАТА (уредување на ентериерот, катче за игри на фантазија или игри на улоги, катче за колективнии игри и дидатктички материјал, творечко катче, градителско катче, истражувачко катче, катче за библиотека)
РАСПОРЕД НА ВРЕМЕТО – РЕЖИМ НА ДЕНОТ
ЗАКЛУЧОК
УЛОГАТА НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА И БАРАЊАТА ЗА НЕЈЗИНО УСПЕШНО ОСТВАРУВАЊЕ
Едно од најзначајните прашања на општата методика на воспитно-образовната работа со предучилишните деца е прашањето за организацијата на детската градинка како значаен фактор во формирањето на личноста. И покрај тоа што престојот на децата во предучилишната установа треба да носи обележја на спонтаност, слободен избор, прилагодливост кон детските возрасни индивидуални потреби и неформален однос мегу децата и воспитувачот – во неа ништо не се одвива стихијно и импровизирано, туку, зад овие барања стои смислената организација, планирањето и систематската работа на воспитувачот.
Под поимот организација се подразбира: планско распоредување на просторот, материјалот и вртемето; избор и структуирање на воспитно-образовните процеси и содржини, односно на активностите со кои се влијае на развитокот и учењето на децата; обединето и усогласено функционирање на сите елементи на системот со кои се остваруваат воспитно-образовните цели и задачи во предучилишната установа. Проблематиката која ја опфака поимот на организацијата е многу широка.
Начинот на кој децата се делат во групи, распоредот на активностите во текот на денот, организацијата на просторот во собата за дневен престој итн., не се цели сами по себе. За процена на некој аспект на организацијата најдобро е да се запрашаме која е нејзината намена во дадениот случај, односно, во која мера со неа се олеснети и унапредени развитокот и учењето на децата кои ја посетуваат градинката. Според тоа, за некоја организација може да се рече дека е добра доколку обезбедува услови за остварување на воспитно-образовните задачи во поглед на просторот, материјалот, времето, воспитно-образовните процеси и содржини и колку се огледуваат во неа најопштите поставки на теоријата на предучилишното воспитание и на воспитно-образовниот систем во кој функционира градинката. Тоа значи дека организацијата на животот во установата не смее да биде во колизија со прокламираната цел на воспитанието кај нас, односно дека нејзината вредност треба да се проценува со оглед на успешноста на остварувањето на практиката со која придонесува во формирањето слободна, сестрано развиена, творечка личност.
При поставувањето на барањата за организирање на животот во установата за целодневен и полудневен престој на децата, се поага од целта на воспитанието воопшто и од улогата на градинката во организирањето на заедничкиот живот на малите деца, по што се разликуваат од училиштата (со оглед на посебните каракитеристики на психосоцијалниот развиток на овие деца) и од семејството (со оглед на широчината на општествените рамки штоо му ги нуди на детето). Конечната цел на вака сфатената детска градинка е постојаното подобрување на условите за детскиот развиток и за учењето, имајки ја предвид актуелната средина, стекнатото искуство на секое дете и неговиот иден развиток. Неговата основна вредност е во тоа што на детето му обезбедува активно учество во заедницата на деца слични на себе, во услови кои му се прилагодени нему, на неговите можности, интереси и развојни потреби. Ваквата функција на детската градинка е во согласност со еманципаторското сфакање на воспитанието како овозможување и унапредување на развитокот на целосните потенцијали на личноста на детето, со што би му се помогнало во самореализацијата на најдоброто сопствено „издание“. Таквото воспитание во прв план го става негувањето на способноста за менување на постојното во правец на можното поразумно, похумано и поубаво живеење и на подготвеноста за изненадувања, кои детето го очекуваат во текот на „усвојувањето на светот“ и во процесот на неговото менување со кое ке го унапредува и сопствениот развиток.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET