Stranskite vlozuvanja i arbitrazata (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Stranskite vlozuvanja i arbitrazata (makedonski)". Rad ima 21 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

 1. ВОВЕД
Арбитражата e алтернативен начин на решавање на спорови, како алтернатива на државното судство претставува приватен начин на решавање на споровите, и е во голема мера творба на странките во спорот. Арбитражата во последните децении добива на популарност во однос на судското решавање на споровите пред се поради своите карактеристики на неутралност, флексибилност и неформалност, стручност, брзината на решавање на спорот, приватност итн.
Арбитражата како алтернативен начин на решавање на споровите, се употребува за решавање на спорови од имотно правен карактер, најчесто во трговските односи со странски елементи. Според некои истражувања дури 90% од меѓународните трговски договори содржат арбитражна клаузула. Меѓународната трговска арбитража ужива наклоност на субјектите посебно со оформувањето на некои меѓународни арбитражни центри кои во текот на нивното постоење се истак нале со нивната независност, професионалност, брзина, ефикасност, стручност, со што ја превземаат лидерската позиција во решавањето на меѓународните спорови од трговски и инвестиционен карактер. Ова е од особена важност пред се поради фактот што во ера на се поголема глобализација на економиите и преминување на капиталот од една во друга држава, трговските односи помеѓу државите како и странските инвестиции стануваат моќен инструмент за поврзување на националните економии во глобална светска економија.
Успехот во поврзувањето на националните економии во еден вид на наднационален економски ентитет, се должи пред се на постоењето на независни наднационални центри за решавање на можните спорови помеѓу државите и странските инвеститори како што се: Арбитражниот центар при Меѓународната трговска комора во Париз и Меѓународниот центар за решавање на инвестициски спорови ( ICSID ) при Светската банка за обнова и развој во Вашингтон.
2. АРБИТРАЖАТА И СТРАНСКИТЕ ВЛОЖУВАЊА
2.1 Арбитража – поим и карактеристики
Арбитражата како облик на приватно решавање на споровите е комплексен поим за кој и денес н ема општоприфатена и сеопфатна дефиниција, поради тоа повеќето теоретичари даваат свој придонес во обидот за нејзино дефинирање. Би можело да се каже дека најлесен начин за објаснување би било преку постапно елаборирање на нејзините карактеристики. Арбитражата се издвојува преку 4 свои карактеристики и тоа:
арбитражата е алтернатива на државното судење. Основен начин на заштита на субјективните права е преку судската власт, секое повредено субјективно право ужива заштита пред судските органи креирани од државата со тужба како правно средство за иницирање на постапка за заштита на правата. Државата им нуди можност на субјектите да ги изнесат своите спорови освен пред редовните судови и пред арбитражен суд како алтернатива на судското решавање на споровите.
арбитражата е приватен начин на решавање на споровите. И покрај тоа што судовите се органи за заштита на субјектите и во тоа треба да бидат независни, тие сепак се дел од системот на тројна поделба на власта и како дел од органите на државата неможат секогаш да ја зачуваат својата објективност и независност.Од таа причина арбитражата се јавува како приватен пандан на државното судство, овозможувајќи им на странките приватен начин на решавање на нивните спорови далеку од очите на државата.
Арбитражата е творба волјата на странките. За разлика од судската постапка која се води според императивните законски норми каде странките немаат слобода во нивното дејствување и нивната волја во незначителен дел влијае врз постапката, арбитражата како творба е целосно зависна од волјата на странките. Имено странките сами одлучуваат дали спорот ќе биде изнесен пред арбитража, самиот состав на арбитражата а воедно и меродавното право по кое би се решавал спорот е директно зависно од нивната волја.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET