Voenite zarobenici i nivnite prava (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Voenite zarobenici i nivnite prava (makedonski)". Rad ima 15 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

 Ф.О.Н универзитет
Насока ДИПЛОМАТИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ОДНОСИ
Семинарска работа
Предмет- Човекови права
Тема- Воените заробеници и нивните права
Скопје 2006
СОДРЖИНА
ВОВЕД........................................................................................................................стр:3
Почеток на заробеништвото................................................................................стр:4/5
Сместувањето и условите на заробениците во логорите......................................................................................................................стр:5
Работа и парични средства на заробениците..............................................................................................................стр:6
Односите на воените заробеници со надворешниот свет...............................................................................................................................стр:7
Кривична и дисциплинска одговорност на заробениците...........................................................................................................стр:7/8
Трета Женевска конвенција за заштита на воените заробеници...................стр 8
Престанок на заробеништвото.....................................................................................................стр:8/9
ЗАКЛУЧОК.............................................................................................................стр:10
ВОВЕД:
Во стариот век, а понекаде и во средниот век, се сметало дека заробениот војник е под власт на војниците или командантите, односно поединците кои го заробиле.
Заробувачот имал неограничена власт над заробениците, можел нив да ги убива или да ги користи за работа како робови, да ги ослободи, да ги чува за продажба, или пак да ги употреби за размена со други заробеници. Со текот на времето нивната положба се подобрувала, особено во 19 век под влијание на новите хуманистички филозовски идеи. Уште во 18 век Жан Жак Русо напишал дека “Војната не е однос помеѓу човек и човек, туку помеѓу држава и држава.”
Воени заробеници се борци коишто паднале во рацете на непријателот, од моментот на нивното заробување па се до нивното конечно ослободување и врачање во родната земја. Тие се под власт на непријателските сили, а не под власт на посебни лица или воени единици кои ги заробиле. Силата која ги држи заробениците е одговорна за постапувањето со нив и за се што им се случува. Сите припадници на вооружените сили се борци и кога се наоѓаат под власт на противничките страни, стануваат воени заробеници. Положба на воени заробеници имаат и следниве лица, кои паѓаат под власт на непријателот:
цивилни лица кои се овластени да ги следат вооружените сили, иако непосредно не влегуваат во нивниот состав, како што се цивилните членови на екипажот на воените воздукопловства, воени дописници, сниматели, уметници, снабдувачи, припадниците на работните единици и други слични служби, доколку за своето делување добиле дозвола од вооружените сили;
членови на екипажот на трговските морнарици и цивилните воздукопловства во вооружениот судир.
Цивилните лица кои се овластени да ги следат вооружените сили треба да имаат лична карта за докажување на својата положба. Се препорачува да не носат униформа, особено не борбени маскирни униформи за да се разликуваат од војниците. Дури кога се облечени во униформа тие не се сметаат за војници, а ако бидат заробени не стануваат воени заробеници иако имаат права и должности исто како и воените заробеници.1
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET