Komentiranje na konkreten praven akt od naslednopravna priroda (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Komentiranje na konkreten praven akt od naslednopravna priroda (makedonski)". Rad ima 8 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

Наследното право претставува дел од граѓанското(имотното право) кое ги уредува односите кои настануваат по повод смртта на едно лице.Со моментот на смртта се отвора и прашањето за пренесување на се она што тоа лице го поседува,односно сето она што лицето го стекнало во текот на својот живот,врз неговите наследници.Притоа пренесувањето на имотот може да се изврши на два начини и тоа по пат на универзална или по пат на сингуларна сукцесија.
Универзалниот наследник притоа е наследник во вистинска смисла на зборот.Универзалниот сукцесор го наследува целокупниот имот што го поседува оставителот или наследува аликвотен дел од оставината.Со својството на наследник, универзалниот сукцесор се стекнува во моментот на смртта на оставителот,или врз основа на закон или врз основа на тестамент.Покрај имотот како предмет на наследување,универзалниот сукцесор ги наследува и сите наследливи права и сите наследливи обврски на оставителот.
Наследувањето не мора секогаш да се однесува на целокупната оставина или на нејзин аликвотен т.е. процентуален дел.Наследувањето може да се однесува само на одделни ствари или на точно определена корист од оставината,при што станува збор за сингуларна сукцесија.Предмет на наследувањето во овој случај е само дел од имотот на оставителот,а носителот на правото се нарекува сингуларен наследник.Притоа,сингуларниот наследник наследува само ствар или корист од оставината која е точно определена од завештателот во неговиот тестамент.Сингуларниот наследник,во моментот на смртта на оставителот се стекнува само со право на побарување.Тој има право да бара да му се предаде определена ствар или корист или пак нешто да му се стори или да му се прости,врз основа на волјата на завештателот изразена во тестаментот.Сингуларниот наследник по правило не ги презема обврските на оставителот.
Институцијата наследување ги има своите зачетоци во римското право.Суштината на наследувањето се состои во пренесувањето на имотот т.е. оставината на умреното лице врз неговите наследници.Со тоа јасно се потврдува и местото на наследното право во сферата на имотното право и неговиот имотен карактер.Во римското право,акцентот во наследувањето бил ставан врз продолжувањето на личноста на оставителот.Денес пак,во современиот свет,се повеќе се прифаќа дека наследувањето претставува пренесување т.е. продолжување на имотот на оставителот.
Основни елементи на наследувањето се отворањето на наследство,оставина и наследници.
За наследување in concreto потребно е да дојде до отворање на наследство.До отворање на наследство доаѓа во случај на смрт на едно физичко лице,како и во случај на прогласување на исчезнатото лице за умрено.Притоа,умреното лице,во правната теорија е познато како оставител(defunctus,decuius).
За конкретно остварување на наследувањето потребно е и постоење на имот подобен за наследување кој се нарекува оставина(hereditas),оставинска маса,наследство,имот за наследување.
За остварување на наследувањето потребно е да постојат и лица врз кои ќе биде извршено пренесувањето на имотот.Таквите лица се нарекуваат наследници.Во правно-техничка или потесна смисла на зборот,таквите наследници можат да се јават како:
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET