Bilans na sostojba (makedonski) | seminarski diplomski

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Bilans na sostojba (makedonski)". Rad ima 10 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati OVDE.

Биланс на состојба
Во финансиското сметководство , биланс на состојба или извештај за финансиската состојба е краток преглед на билансите на некоја личност или организација. Активата (средствата), пасивата (обврските) и сопственичкиот капитал се подредени така што почнуваат од одреден датум, како на пример крајот на финансиската година. Билансот на состојба често се опишува како снимка на финансиската состојба[1] на компанијата. Од четирите основни финансиски извештаи, билансот на состојба е единствениот извештај што се однесува на единствен момент.
Билансот на состојба на една компанија има три дела: актива, пасива и сопственички капитал. Вообичаено , прво се наведени главните категории на активата а по нив следи пасивата. Разликата меѓу активата и пасивата е позната како капитал или нето капитал или нето вредност на компанијата и според пресметковната равенка, нето вредноста мора да биде еднаква на актива минус пасива.[2]
Друг аспект на гледање на истата равенка е дека активата е еднаква на пасивата плус капиталот на сопствениците. Гледањето на равенката на овој начин покажува како била финансирана активата: или со позајмување пари (долг-пасива) или со користење на парите на сопствениците (сопственички капитал). Билансите на состојба обично се презентираат со активата во еден дел а пасивата и нето врденоста во друг дел со тоа што двата дела се „салдираат“.
Евиденциите на вредностите на секоја сметка или линија во билансот на состојба обично се одржуваат со користење на систем на книговодство познат како систем на двојно книжење.
Бизнис кој целосно работи со готовина може да го пресмета својот профит со подигање на целосното салдо на сметката во банка на крајот на временскиот период како и готовината на рака. Меѓутоа, многу бизниси не се исплаќаат веднаш; тие изградуваат залихи од добра и се здобиваат со објекти и опрема. Со други зборови: бизнисите имаат актива и не можат, дури и ако сакаат, веднаш да ја претворат во готовина на крајот на секој период. Честопати, овие бизниси им должат пари на набавувачите и на даночните служби, а сопствениците не го повлекуваат целиот нивни првобитен капитал и профит на крајот на секој период. Со други зборови бизнисите имаат и пасива (долгови).
Видови
Билансот на состојба накратко ги прикажува активата, капиталот и пасивата на некоја организација или лице во одреден момент. Лицата и малите бизниси покажуваат тенденција да имаат едноставни биланси на состојба. Поголемите бизниси се склони кон посложени биланси на состојба, и тие се даваат во годишниот извештај[3] на организацијата. Големите бизниси исто така може да подготват биланси на состојба за сегменти од нивните бизниси.[4] Билансот на состојба вообичаено се презентира заедно со друг биланс за различен временски период (типично за претходната година) за споредба.[5]
Личен биланс на состојба
Личниот биланс на состојба ја наведува тековната актива како на пример готовината на тековните сметки и штедните сметки , долгорочните средства како на пример обични акции и недвижен имот , тековните обврски (долгови), како на пример заем и хипотека пристигнати за наплата, или заостанати наплати, долгорочни обврски како на пример хипотека и друг заем. Вредностите на хартиите од вредност и недвижниот имот се наведени според пазарна цена а не по историски (првобитен) трошок или основица на трошокот . Личната нето вредност е разликата меѓу вкупната актива и вкупната пасива на лицето.
...

CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU: WWW.MATURSKIRADOVI.NET