ГЛАВНА СТРАНИЦА

Seminarski i Diplomski Rad
 
БЕСПЛАТНО СЕМИНАРСКА РАБОТА - ЕКОНОМИЈА
 
ДРУГИ СЕМИНАРСКИ РАБОТИ
- ЕКОНОМИЈА -
Gledaj Filmove Online

 

 

 

 

 

 

 

 

 

СОВРЕМЕНИ ЕКОНОМСКИ СИСТЕМИ

1. Економските системи

Марксистичката интерпретација на економијата теоретски се заснова врз историски пристап. Ова следи од фактот што нејзиниот предмет на испитување постојано се менува. Исто така, марксистите воведоа историски карактер и на институцијата, која претставува облик на организација на деловни единици, во која на однапред утврден начин во рамките на нивните меѓусебни односи се одвиваат економските активности. Факт е дека условите за размените на стоки и услуги се разликуваат од земја во земја во различни временски периоди. Всушност, дури на одреден степен од развитикот на човечкото општество почнало производството на доволно материјални добра (ресурси).
На пример, во минатиот век, немало производство на радија, телевизиски приемници, транзистори, авиони, космички бродови, компјутери, пластика, пеницилин, итн.
Речиси секоја година се запира производството на некои производи, од различни причини, односно или се заменува со други, подобри, поквалитетни, и се почнува со производство не само на други дизајни и форми, туку и на дотогаш сосема непознати производи.
Историскиот карактер на економијата теоретски се огледа во фактот што непрекинато се менува и се усовршува начинот на производство во општеството.Заради тоа економската наука од страна на марксистите се дели на три дела: економија на преткапиталистички општетсвени формации, економија на капитализмот и економија на социјализмот. Спротивно од марксистичката економија, неокласичната економија во потполност го игнорираше историскиот карактер на институциите, тврдејќи дека економската активност (производство, распределба, размена и потрошувачка) се состои од оптималниот избор кој поединечни претпријатија (деловни субјекти) кој се врши врз основа на дадените институции (приватна сопственост).

Денес многу општествени системи се наоѓаат или во зачеток на развојот или во транзиција. Бранот на транзиција, главно ги зафати социјалистичките системи. Оттаму предметот на проучување на економијата теоретски се подместува кон компромисот кој не може да го заобиколи ни марксистичкото тврдење, а ниту ни неокласичниот став, по прашањето на активностите на економските субјекти. Со други зборови, предмет на проучување на економскта наука се подместува кон компромисот кој вклучува економски избор и влијанието на институциите врз однесувањето на економските субјекти.
Меѓу заедничките елементи на економскиот систем се набројуваат:
- Ресурси
- Економски субјекти
- Активности
- Институции

1.1 Ресурси

Под ресурси ги подразбираме сите расположливи материјални и нематеријални извори на формирање материјални и економски богатства. Природните ресурси претставуваат најдолго користени економски ресурси. Во нив спаѓаат: рудно богатство (минерали), вода, воздух и сите органски и неоргански суровини. Тие имаат важна улога во развојот на економијата во повеќето земји во современиот свет. Нивното влијание врз развојот на националните кономии може да биде различен по својот карактер, димензија и ориентација.
За некои земји природните ресурси се главниот извор и важен катализатор за економскиот развој, за некои фактор што го забавува економскиот раст, а има и земји кои се карактеризираат со двете. Значењето на природните богатства за економијата на една земја е условена од степенот на економскиот и технолошкиот развој, и карактеристиките вградени во економската структура, и местото на земјата со оглед на националната економија во меѓународната поделба на трудот, како и голем број на стратешки и политички фактори кои ја детерминираат соодветната развојна ориентација на домашното природно производство на суровини. Бројни внатрешни и надворешни фактори ја предодредуваат во секој случај зависноста на економскиот развој на земјата од природните богатства. Но, во услови на светски енергетски и суровински недостаток доаѓа до пораст на апсолутното и релативното значење на природните ресурси за динамиката на производство во секоја национална економија.

Расположливото природно богатсво, како основа на релативно остра економска структура (функционирање на земјоделството, енергетиката, металопреработувачката индустрија и сл.), стана услов на преживување и останок во овој случај. Во прилог на природните ресурси спаѓаат и средствата за производство. На нив може да се гледа како предмет за работа (суровини и енергија) и средство за работа (машини, здради и опрема). Во современите услови на стопанисување посебно место во ресурси спаѓаат и телекомуникациите, информатичките системи и самите информации. Информациите денес се повеќе добиваат на значење, затоа што влијаат на значителна заштеда на енергија и материјали. Во контекст на претприемништвото ова е е посебен сегмент, во кое е особено видливо исклучителната важност на човечкиот творечки способности.
Претприемништво стана четврти фактор на производството кое се должи на висок професионализам во управувањето на претпријатие од страна на професионални луѓе-претприемачи и менаџери. Од горенаведеното, може да се заклучи кои се факторите на производство. Од досега изнесеното може да се каже дека нив ги сочинуваат субјектите (човекот со неговото работно искуство и работни навики) и материјалните фактори (средства за производство и суровини-кои биле подложени на човековиот труд).

Треба да се напомене дека ресурсите се ограничени, а недоволни во однос на човековите потреби. Тие се продуктивни, што значи дека економските активности во кои се користат даваат повисок резултати од потрошувачката. За организацијата на економскиот живот е исто така значајна е структурата на ресурсите. Всушност, во смисла на репродуктивноста, изворите се поделени во обновливи, може да се зголемат со соодветни активности и кои не се обновливи, кои не можат да се створат со продуктивни активности.

1.2. Економски субјекти

Со развојот на човековото општество во текот на историјата имало и промени во организацијата на производството. Тоа значи дека општествена организација на производството не е дадена засекогаш, туку таа се менува под дејство на различни фактори, пред се, од развојот на производните сили. Општествената организација на производство се јавува како сплет на многубројни субјекти кои се ангажирани во процесот на производство. Под компанија во општа смисла се подразбира организациона мрежа помеѓу средства за производство и луѓе, кои заеднички произведуваат материјални добра, вршат продажба, прибавуваат приходи во облик на пари. Со оглед на тоа дека производствената компанија може да се организира за : локален, национален, меѓународен и светски пазар, таа може да располага со различен број на вработени, до неколку стотини илјади вработени, што условува различен обем и димензија на работењето. За разлика од производствените фирми во кои се ствараат материјални добра, во домаќинствата како основни потрошувачки единици се врши трансформација на производи и услуги во соодветна состојба на задоволство која настанува како резултат на подмирената потреба.
Државата како економски субјект врш трансформација на вложувањата во производи кои задоволуваат јавни и заеднички потреби. Државата како организациона институција на власта купува и троши материјални добра, како и приватните субјекти,за да ги остварува своите функции. Државата не обавува само функција-власт, туку ангажирана е и на понудата на јавни добра и надлежности во областа на макроекономската политика, како би се ублажиле последиците од цикличните економски движења.

2. Цели и приоритети

Секој деловен субјект, било да е поединец или организациона група, има своја цел и однесување. Таа цел ја детерминира целокупнота економска активност на субјектот. Во економската теорија се доаѓа до претпоставки дека за секој деловен субјект постои дефиниран и добро уреден сет на приоритети, и дека секој оној кој донесува одлуки се однесува рационално. Рационалноста се смета како максимизирање на однесувањето, односно, секој деловен субјект настојува да ја максимизира очекуваната вредноста во функција на корисноста.
Под економски систем се подразбира интерактивен сет на институции и механизми за донесување и имплементација на одлуки кои се однесуваат на производство, рапределба, размена и потрошувачка во една земја во одреден временски приод. Една од битните карактеристики на економските системи е мултидимензионалноста, што функционално се претставува во следнава равенка:

ES = f (А1, А2, ... Аn) што значи дека економскиот систем (ES) се дефинира како збир на различни атрибути (А1, А2, ... An)

3. Класификација на економските системи

Во економската литература на Запад често економските системи се групирани во следниве видови: традиционални економски системи, пазарно економски системи, командни економски системи и мешани економски системи.
Во историјата на развојот и функционирањето на економскиот систем, познати се два пазарни и два непазарни економски системи.
Теоретичарите на постиндустриското општество ги делат економските системи на пред-индустриски, индустриски и постиндустриски.
Во литературата општо прифатена е следната класификација на економски системи:
- Природа на сопственост
- Механизам на алокација и координација
- Системот на поттик и на мотивација
- Организација на донесување на економски одлуки


Системи можат да бидат групирани и според прераспределба на доходот и социјално осигурување, како и улогата на идеологијата и политиката.
Социо-економските промени на современиот економски систем, покажува дека е поедноставена поделбата меѓу економски системи во државна и приватна сопственост.
Одговорот на општите економски прашања подразбира постоење на одговарачки механизам на алокација на производствени ресурси и економските сктивности. Можни механизми на алокација се: традицијата, пазарот и планските директиви.
Во традиционалната економија одлуките се резултат на обичаите, традицијата и културните вредности, кастите и стелешките поделби.
Во основа на пазарната економија се наоѓа децентрализирана организација, а одлуките се донесуваат од страна автономни субјекти на база на информации кои се резултат на интеракцијата на понудата и побарувачката.
Во услови на планско насочена алокација одлуките се донесуваат од страна на државните органи и се спроведуваат по пат на законот. Исто така, многу се ретки случаите на чисто пазарно, односно чисто планско работење.
Мешовитата економија е тип на економски систем во кој се среќаваат елементи и на пазарна и на командна економија. Системите на поттик се поделени на три големи групи: принудни, децентрализирани и централизирани. Не постојат чисто централизирани ниту пак чисто децентрализирани економски системи.

4. Видови на современи економски системи

Класификација на економски системи до крајот на 1980-тите:
- Капиталистички економски системи
- Централно планирани економски системи
- Социјалистичко самоуправувани пазарни системи

После процесот на трансформација на крајот на дваесеттиот век, класификација на економските системи може да биде:
- Социо-пазарни и партиципативни економски субјекти
- Традиционално капиталистички економски системи
- Земји во транзиција
- Социјалистичко реформски економски системи

Користена литература:

1. Софија Тодорова и Ванчо Узунов, Применета економика, Правен факултет, Скопје, 2009
2. Таки Фити и други, Економија-макроекономски и микроекономски пристап, Економски факултет, Скопје, 2003
3. Никола Узунов и други, Применета економија, Економски Факултет, Скопје, 2003
4. Димитар Ефтимовски, Економија и развој, Економски институт, Скопје, 2003
5. Бег Дејвид, Фишер Стенли и Дорнбуш Рудигер, Економија, Скопје, 2001
6. Samuelson Paul A. and Nordhouse William, eventeen edition, Mc Graw-Hill-Irwin, New York, 2001
7. Mankiw G. Macroeconomics, Fourth edition, Worth Publishers, New York , 1997

Download СЕМИНАРСКА РАБОТА у wordu » » » 

Besplatni Seminarski Radovi - Бесплатно семинарска работа

SEMINARSKI RAD